Броеви (4 Moj.) 14:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Само, не бунете се против Господа! Не бојте се од народот на онаа земја; па тој е залаг за нас. Тие се без заштита, а Господ е со нас! Не бојте се од нив!”

10. И додека целото општество веќе мислеше да ги каменува, Господовата слава им се јави во Шаторот на средбата на сите Израелеви синови.

11. Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „До кога ќе Ме презира тој народ? До кога не ќе Ми верува и покрај сите знаци што ги извршив среде нив?

12. Ќе ги удрам со помор и ќе ги истребам, а од тебе ќе направам народ поголем и посилен од него.”

Броеви (4 Moj.) 14