Броеви (4 Moj.) 14:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тие им го кажаа тоа на жителите на онаа земја. Веќе научија дека Ти си, Господи, среде овој народ, кому му се јавуваш лице во лице, и дека Ти, Господи, стоиш во облак над него, дека одиш пред него дење во столб од облак, а ноќе во столб од оган.

15. Затоа, ако го истребиш овој народ како еден човек, народите што чуја глас за Тебе, ќе речат:

16. ‘Господ беше немоќен да го доведе овој народ во земјата што му ја вети под заклетва, и затоа го погуби во пустината.’

17. Затоа нека се возвеличи силата на Мојот Господ, како што рече, велејќи:

18. ‘Господ е долготрпелив и многумилостив; ги проштава беззаконијата и престапите, но не го остава виновниот неказнет, туку го казнува безаконието на татковците врз децата до третото и четвртото поколение.’

19. Прости му го гревот на овој народ, по Твојата голема милост, како што му проштаваше на овој народ од Египет дотука.”

20. „Им проштавам, на твојот збор - рече Господ.

Броеви (4 Moj.) 14