1. Господ му рече на Мојсеја:
2. „Испрати луѓе, по еден човек од секое прадедовско племе, за да ја извидат Ханаанската Земја, што им ја давам на Израелевите синови. Испратете ги сите нивни главатари!”
3. По Господова заповед Мојсеј ги испрати од Фаранската Пустина. Сите тие луѓе беа главатари на Израелците.
4. А ова се нивните имиња: Самоил, син Захуров, од Рувимовото племе;
5. Сафат, син Хориев, од Симеоновото племе;
6. Халев, син Ефониев, од Јудиното племе;
7. Игал, син Јосифов, од Исахаровото племе;
8. Осиј, син Навинов, од Ефремовото племе;