5. Господ слезе во облачен столб и застана при влезот на Шаторот. Ги повика Арона и Маријам. Кога тие истапија напред,
6. Господ рече: „Чујте ги Моите зборови: Ако се најде пророк среде вас, Јас му се јавувам нему во видение, му говорам на сон.
7. Но не е така со Мојот слуга Мојсеј. Од сите во Мојата куќа тој е најверен.
8. Јас му зборувам нему уста во уста, јавно, а не со гатанки, и тој смее да го гледа Господовиот лик. Како тогаш не се плашевте да зборувате против Мојот слуга Мојсеја?”
9. Откако пламна со гнев против нив, Господ си отиде.
10. Штом облакот се оддалечи од Шаторот, ете, Маријам стана лепрозна, како потурена со снег. Арон се сврте кон Маријам, а лепрата беше на неа.