Броеви (4 Moj.) 12:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. „Зар Господ му зборува само на Мојсеја? - рекоа. - Зар не ни зборуваше и нам?” Господ го чу тоа.

3. Мојсеј беше мошне скромен човек, најскромен човек на земјата.

4. И Господ им рече веднаш на Мојсеја, на Арона и на Маријам: „Вие тројцата јавете се во Шаторот на средбата.” Тие тројца се јавија.

5. Господ слезе во облачен столб и застана при влезот на Шаторот. Ги повика Арона и Маријам. Кога тие истапија напред,

6. Господ рече: „Чујте ги Моите зборови: Ако се најде пророк среде вас, Јас му се јавувам нему во видение, му говорам на сон.

7. Но не е така со Мојот слуга Мојсеј. Од сите во Мојата куќа тој е најверен.

8. Јас му зборувам нему уста во уста, јавно, а не со гатанки, и тој смее да го гледа Господовиот лик. Како тогаш не се плашевте да зборувате против Мојот слуга Мојсеја?”

Броеви (4 Moj.) 12