Броеви (4 Moj.) 1:43-48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. Избројаните од Нефталимовото племе беа педесет и три илјади и четири стотини.

44. Тоа се оние кои ги избројаа Мојсеј и Арон со дванаесетте израелски главатари, по еден човек од секој татковски дом.

45. Беа избројани сите Израелци, по татковските домови, од дваесет години и повеќе, сите способни за војна во Израел.

46. И така, сите избројани беа шест стотини и три илјади пет стотини и педесет.

47. Меѓу нив не беа вброени левитите по поколенијата на нивните татковци.

48. Имено, Господ му рече на Мојсеја:

Броеви (4 Moj.) 1