Броеви (4 Moj.) 1:34-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Кога беше утврдено потомството на Манасиевите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

35. Избројаните од Манасиевото племе беа триесет и две илјади и двеста.

36. Кога беше утврдено потомството на Венијаминовите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

37. Избројаните од Венијаминово племе беа триесет и пет илјади и четири стотини.

38. Кога беше утврдено потомството на Дановите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

39. Избројаните од Дановото племе беа шеесет и две илјади и седум стотини.

40. Кога беше утврдено потомството на Асировите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

41. Запишаните од Асировото племе беа четириесет и една илјада и пет стотини.

42. Кога беше утврдено потомството на Нефталимовите синови, по нивните родови и семејства, беа избројани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.

43. Избројаните од Нефталимовото племе беа педесет и три илјади и четири стотини.

Броеви (4 Moj.) 1