33. Избројаните од Ефремовото племе беа четириесет илјади и пет стотини.
34. Кога беше утврдено потомството на Манасиевите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.
35. Избројаните од Манасиевото племе беа триесет и две илјади и двеста.
36. Кога беше утврдено потомството на Венијаминовите синови, по нивните родови и семејства, беа запишани, глава по глава, имињата на оние од дваесет години и повеќе, на сите способни за војна.