Битие (1 Moj.) 9:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. „Еве, Јас го склучувам Својот Завет со вас и со вашето потомство, после вас,

10. и со сите живи суштества што се со вас: со птиците, со добитокот, со ѕверовите, - со сè што излезе, со вас од бродот - со сите живи суштества на земјата.

11. Го поставувам Својот Завет со вас, така што никогаш повеќе потопните води нема да ги уништат живите суштества, ниту пак некогаш потопот ќе ја опусти земјата.

12. И Бог рече: „А ова е знакот на Заветот, Што го склучувам меѓу Себе и вас И со сите живи суштества што се со вас, За идните поколенија:

Битие (1 Moj.) 9