Битие (1 Moj.) 8:11-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Навечер гулабот се врати при него, и ете, во клунот имаше свеж маслинен лист; така Ное научи дека водите спаднаа на земјата.

12. Потоа почека уште седум дена и пак го пушти гулабот: и тој веќе не се врати при него.

13. Во шест стотини и првата година на Ноевиот живот, во првиот месец, на првиот ден на месецот, водата пресуши на земјата. Ное го дигна покривот на бродот и погледна, и ете, површината на земјата беше окопнета.

14. А во вториот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот, земјата беше сува.

15. Тогаш Бог му рече на Ное:

16. „Излезете од бродот: ти, твојата жена, твоите синови и твоите снаи со тебе.

Битие (1 Moj.) 8