Битие (1 Moj.) 8:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Господ си спомна за Ное, за сите ѕверови и за сиот добиток што беше со него во бродот, па го раздвижи ветерот над земјата, за да ја отстрани водата.

2. Изворите на бездната и небесните брани се затворија, и дождот од небото запре.

3. Водите се повлекуваа бавно од земјата. По сто и педесет денови водите стивнаа,

4. а во седмиот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот, бродот застана на горите на Арарат.

Битие (1 Moj.) 8