9. влегоа по две - машко и женско - во бродот, со Ное, како што Бог му заповеда на Ное.
10. А на седмиот ден, потопните води заплискаа врз земјата.
11. Во оној ден - на шестотата година на Ноевиот живот, во вториот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот - бликнаа сите извори на бездната, се отворија сите небесни брани.
12. И дожд удри да паѓа по земјата четириесет денови и четириесет ноќи.
13. Во оној ден влегоа во бродот Ное и неговите синови: Сим, Хам и Јафет, Ноевата жена и трите жени на Ноевите синови со нив;
14. тие, и сите видови животни: добитокот, лазачите што ползат по земјата, птиците и разновидни крилести суштества,
15. влегоа во бродот со Ное, по две од сите суштества што имаат во себе жива душа.
16. Сè што влезе беше двојка: машки и женски пол од сите суштества, како што Бог му нареди на Ное. Тогаш Господ ја затвори вратата зад него.
17. Поројниот дожд паѓаше на земјата четириесет денови; водите растеа постојано и го носеа бродот: се дигна високо над земјата.