Битие (1 Moj.) 7:22-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Сè што имаше животно дишење во своите носалки - сè што беше на копното - загина.

23. Беше истребено секое суштество од земјината површина: човекот, животните, лазачите и небесните птици, сè беше збришано од земјата. Останаа само Ное и оние што беа со него во бродот.

24. Водите се задржаа над земјата сто и педесет денови.

Битие (1 Moj.) 7