Битие (1 Moj.) 7:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Водите поплавуваа сè посилно и растеа над земјата, така што ги покрија сите највисоки планини под небото.

20. Водите се креваа петнаесет лакти над потонатите планини.

21. Загинаа сите суштества што се движеа по земјата: птиците, добитокот, ѕверовите, сите лазачи и сите луѓе.

22. Сè што имаше животно дишење во своите носалки - сè што беше на копното - загина.

23. Беше истребено секое суштество од земјината површина: човекот, животните, лазачите и небесните птици, сè беше збришано од земјата. Останаа само Ное и оние што беа со него во бродот.

Битие (1 Moj.) 7