Битие (1 Moj.) 7:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Господ му рече на Ное: „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот, зашто видов дека единствено ти си праведен пред Мене во ова време.

2. Земи со себе од сите чисти животни по седум двојки: машкото и неговата женка.

3. Исто така од небесните птици по седум двојки - машкото и женката - за да им се запази семето на земјата.

4. Зашто, по седум дена, ќе пуштам дожд на земјата: четириесет денови и четириесет ноќи, та ќе го истребам од лицето на земјата секое живо суштество, што сум го создал.”

Битие (1 Moj.) 7