2. Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.
3. Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.”
4. Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.
5. Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.
6. Господ воздивна и се натажи во Своето срце дека го создаде човекот на земјата.
7. Господ рече: „Ќе ги истребам луѓето што ги создадов од лицето на земјата - од човекот до ѕверот, ползачите и птиците во воздухот - зашто се покајав што ги создадов.”
8. Ама Ное најде благодат во Господовите очи.
9. Еве го Ноевото родословие: Ное беше праведен и непорочен човек во свое време. Ное одеше со Бога.
10. Три сина му се родија на Ное: Сим, Хам и Јафет.
11. Во Божјите очи земјата беше се расипала; земјата се наполни со насилства.