Битие (1 Moj.) 6:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки,

2. Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.

3. Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.”

4. Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.

5. Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.

Битие (1 Moj.) 6