Битие (1 Moj.) 6:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога луѓето почнаа да се множат по земјата и им се народија ќерки,

2. Божјите синови гледаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, кои ќе ги избереа.

3. Тогаш Господ рече: „Мојот Дух нема да остане довека во човекот; човекот е телесен, па векот нека му биде сто и дваесет години.”

4. Во оние времиња - а и подоцна - на земјата беа Нефили, кога Божјите синови општеа со човечките ќерки, па тие им ги раѓаа оние деца. Тоа се оние, од стари времиња, по сила прочуени луѓе.

Битие (1 Moj.) 6