Битие (1 Moj.) 50:24-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Најпосле Јосиф им рече на браќа си: „Еве, јас ќе умрам скоро, но Бог, навистина, ќе се сети за вас и ќе ве изведе од земјава во земјата што им ја вети, под заклетва, на Авраама, Исака и Јакова.”

25. Тогаш Јосиф ги заколна Израелевите синови: „Бог вистина ќе се сети за вас, и тогаш изнесете ги моите коски оттука!”

26. Јосиф умре кога му беа сто и десет години; го балсамираа и го положија во ковчег во Египет.

Битие (1 Moj.) 50