1. Ова е книгата на родословието Адамово: кога Господ го создаде човекот, го направи според Божјото подобие;
2. создаде машко и женско. А кога ги создаде, ги благослови и ги нарече - човек.
3. Кога на Адама му беа сто и триесет години му се роди син, сличен нему, според неговиот лик и подобие, му го даде името Сит.
4. По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки.
5. Адам поживеа вкупно девет стотини и триесет години. Потоа умре.
6. Кога на Сит му беа сто и пет години, му се роди Енос.
7. По Еносовото раѓање Сит живееше осум стотини и седум години, па му се родија уште синови и ќерки.