Битие (1 Moj.) 49:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Јас не учествував во нивните советувања, не зедов дел во нивните собранија! Во својот гнев убиваа луѓе; во бес ги пресекоа жилите на воловите.

7. Проклет да им е гневот, зашто беше прежесток! Проклета да им е јароста, зашто беше пресурова! Ќе ги разделам во Јакова, ќе ги распрснам низ Израел.

8. Јудо! Твоите браќа ќе те слават, раката ти е секогаш врз вратот на непријателот, синовите на татка ти ќе ти се поклонуваат.

9. Јудо, лавче младо! Си се здебелил, сине, од лов; клекна, легна како лав и како лавица: кој ќе го разбуди?

Битие (1 Moj.) 49