Битие (1 Moj.) 49:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Но, буен како вода, не ќе имаш повеќе првенство, зашто го оскверни леглото на татка си, и ја онечисти мојата постела.

5. Симеон и Леви се браќа! Мечевите им се оружје на насилство.

6. Јас не учествував во нивните советувања, не зедов дел во нивните собранија! Во својот гнев убиваа луѓе; во бес ги пресекоа жилите на воловите.

7. Проклет да им е гневот, зашто беше прежесток! Проклета да им е јароста, зашто беше пресурова! Ќе ги разделам во Јакова, ќе ги распрснам низ Израел.

Битие (1 Moj.) 49