Битие (1 Moj.) 49:19-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Разбојниците ќе го ограбуваат Гад, но и тој со грабеж ќе им биде зад петиците.

20. Кај Асира ќе има леб, и ќе доставуваат царски слатки.

21. Нефталим е брза срна, што говори убави зборови.

22. Јосиф е плодоносна гранка, плодна гранка покрај извор, гранчињата и се простираат над ѕидот.

23. Стрелци го огорчија, стрелаа на него, и го гонеа.

24. Но неговиот лак останува цврст, мишките му зајакнаа, преку рацете на Силниот Јаковов, преку името на Пастирот, на Израелевата Стена,

Битие (1 Moj.) 49