Битие (1 Moj.) 48:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Израелевите очи беа ослабени, од старост, не гледаше. Затоа му ги приведе синовите, а тој ги пољуби и ги прегрна.

11. И Израел му рече на Јосифа: „Не се надевав да го видам твоето лице; но, ете, Бог ми даде да ги видам и твоите деца.”

12. Тогаш Јосиф ги слезе од неговите колена и му се поклони со лицето до земја.

13. И Јосиф ги зеде двајцата - Ефрема со својата десница: одлево на Израел, а Манасиј со својата левица: оддесно на Израел - па ги приближи до него.

14. Но Израел ја протегна својата десна рака и ја стави врз Ефремовата глава, иако беше помлад, а левицата врз Манасиевата глава - иако Манасиј беше првороденец.

Битие (1 Moj.) 48