Битие (1 Moj.) 47:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Така Јосиф ја купи за фараонот сета Египетска Земја, зашто секој Египетец, кога го притисна гладот, ги продаде своите ниви. Така земјата стана фараонова сопственост,

21. а народот, од едниот до другиот крај на Египет, негово робје.

22. Единствено не ги купи свештеничките имоти, зашто фараонот им даваше на свештениците одреден дел, и така живееја од приходот што им го даваше фараонот, затоа не ги продадоа своите имоти.

23. А Јосиф му рече на народот: „Бидејќи денес ве купив за фараонот и вас и вашата земја, еве ви семе, па засејте ја земјата.

Битие (1 Moj.) 47