Битие (1 Moj.) 46:22-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Тоа беа Рахилините потомци, кои му ги роди на Јакова - вкупно четиринаесет души.

23. Данов син е Усим.

24. Нефталимови синови: Јасиил, Гуниј, Есер и Силим.

25. Тоа беа потомците на Вала, која Лаван и ја даде на ќерка си Рахила. Таа му роди на Јакова седум потомци.

26. Така сите Јаковови деца, што произлегоа од него и што се населија во Египет - не сметајќи ги жените на Јакововите синови - вкупно беа шеесет и шест.

27. И кон тоа два Јосифова сина, кои му се родија во Египет. Според тоа, сите души на Јакововиот дом, кои се населија во Египет, беа седумдесет.

Битие (1 Moj.) 46