Битие (1 Moj.) 46:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, Израел тргна на пат, со сè што беше негово, и стигна во Вирсавеа, па Му принесе жртва на Бога на татка си Исака.

2. Бог го повика Израела, во ноќно видение: „Јакове! Јакове!” Тој одговори: „Еве ме!”

3. „Јас Сум Бог, Бог на татка ти. Не бој се да слезеш во Египет, зашто таму ќе произведам голем народ од тебе.

Битие (1 Moj.) 46