Битие (1 Moj.) 45:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Израелевите синови направија така. Според фараоновата повелба Јосиф им даде коли и храна за по пат.

22. Секому од нив му даде нова облека, а на Венијамина му даде триста сребреници и пет облеки.

23. Исто така, му испрати на татка си: десет ослиња натоварени со најдобри египетски плодови, и десет ослиња натоварени со жито, леб и прехранбени производи, за по пат на таткото.

24. Испраќајќи ги своите браќа на пат, им рече: „Не се препирајте патем!”

25. И така, тие си отидоа од Египет и стигнаа во Ханаанската Земја, при татка си Јакова.

Битие (1 Moj.) 45