19. А го заповеда и ова: „Направете вака: Од Египетската Земја, спотерајте коли за своите деца и за своите жени, земете го таткото и дојдете.
20. Нека вашите очи не се натажат за вашите работи, зашто сè што е најдобро во Египет, ќе биде ваше.”
21. Израелевите синови направија така. Според фараоновата повелба Јосиф им даде коли и храна за по пат.
22. Секому од нив му даде нова облека, а на Венијамина му даде триста сребреници и пет облеки.
23. Исто така, му испрати на татка си: десет ослиња натоварени со најдобри египетски плодови, и десет ослиња натоварени со жито, леб и прехранбени производи, за по пат на таткото.
24. Испраќајќи ги своите браќа на пат, им рече: „Не се препирајте патем!”
25. И така, тие си отидоа од Египет и стигнаа во Ханаанската Земја, при татка си Јакова.
26. Кога му рекоа: „Јосиф е жив и уште повеќе - владее над целата Египетска Земја!” Неговото срце се скамени, зашто не можеше да им верува.