12. Па со своите очи можете да видите, како што гледа и брат ми Венијамин, дека мојата уста ви го зборува тоа.
13. Раскажете му на таткото за мојот висок положај во Египет и за сè што видовте; и доведете ми го таткото бргу ваму!”
14. И го прегрна братот Венијамин и заплака; а плачеше и Венијамин, прегрнувајќи го околу вратот.
15. Потоа ги изљуби сите свои браќа, им се расплака во прегратка. Потоа неговите браќа разговараа со него.
16. Гласот се расчу во фараоновиот дворец: „Јосифовите браќа стигнаа!” Тоа им беше мило на фараонот и на неговите царедворци.
17. А фараонот му рече на Јосифа: „Кажи им на своите браќа нека го направат ова: ‘Натоварете ги своите добичиња и тргнете веднаш во Ханаанската Земја.
18. Земете ги татка си и своите семејства и дојдете при мене! Јас ќе ви ја дадам најдобрата земја во Египет, па ќе уживате во изобилството на земјава.’”
19. А го заповеда и ова: „Направете вака: Од Египетската Земја, спотерајте коли за своите деца и за своите жени, земете го таткото и дојдете.
20. Нека вашите очи не се натажат за вашите работи, зашто сè што е најдобро во Египет, ќе биде ваше.”
21. Израелевите синови направија така. Според фараоновата повелба Јосиф им даде коли и храна за по пат.