Битие (1 Moj.) 44:10-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. „Иако е право тоа што го предлагате - рече тој - сепак само оној, кај кого ќе биде најдено украденото, ќе биде мој роб, а другите ќе бидете слободни.”

11. Бргу ги спуштија вреќите на земја и секој ја отвори својата вреќа.

12. Тој пребаруваше, почнувајќи од највозрасниот и завршувајќи со најмладиот, чашата беше најдена во Венијаминовата вреќа.

Битие (1 Moj.) 44