Битие (1 Moj.) 43:19-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Заради тоа му се приближија на управителот на Јосифовиот дом и, при влезот на куќата, му рекоа:

20. „Прости, господару! Ние, еднаш, и порано дојдовме да набавиме храна;

21. и кога стигнавме во преноќиштето и ги отворивме нашите вреќи; а ете сребрениците на секој од нас: одозгора во неговата вреќа, нашите сребреници, исто количество, сега ги донесовме со себе.

22. А донесовме и други сребреници, за да купиме храна. Ние не знаеме кој ни ги стави сребрениците во нашите вреќи.”

23. „Бидете мирни! - им рече тој. - Не бојте се! Вашиот Бог и Бог на вашиот татко го стави благото во вашите вреќи; вашите сребреници стигнаа при мене.” Потоа им го изведе Симеона.

24. Тогаш човекот ги воведе луѓето во Јосифовата куќа; им даде вода да си ги измијат нозете; а на нивните ослиња им даде храна.

25. Потоа тие ги приготвија своите подароци до Јосифовото доаѓање на пладне, зашто чуја дека ќе ручаат таму.

Битие (1 Moj.) 43