Битие (1 Moj.) 42:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Јосиф си спомна за соништата што ги виде за нив. И им рече: „Вие сте согледувачи! Дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”

10. Тие му одговорија: „Не, господару! Твоите слуги дојдоа да набават храна.

11. Сите ние сме синови на еден татко; чесни луѓе сме; твоите слуги никогаш не биле согледувачи.”

12. Тој пак им рече: „Не, туку дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”

13. Тие одговорија: „Ние, твоите слуги, бевме дванаесет браќа - синови на еден татко - во Ханаанската Земја; најмладиот е сега со таткото, а едниот веќе го нема.”

14. Но Јосиф им дофрли: „Онака е како што веќе ви реков: вие сте согледувачи!

15. Вака ќе ве испитам: жив да ми е фараонот, оттука нема да излезете, ако вашиот најмлад брат не дојде тука!

Битие (1 Moj.) 42