Битие (1 Moj.) 42:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Јаков чу дека има жито во Египет, им рече на своите синови: „Зошто гледате еден во друг!

2. Чув дека има жито во Египет! Отидете долу и набавете ни го оттаму, за да останеме во живот и да не изумреме.”

3. Така десетте Јосифови браќа слегоа да набават жито во Египет.

4. Јаков не го испрати со другите Венијамина, вистинскиот Јосифов брат. Велеше: „Да не му се случи некаква несреќа.”

5. Меѓу оние кои одеа да набават жито, зашто владееше глад во Ханаанската Земја, беа и Израелевите синови.

Битие (1 Moj.) 42