Битие (1 Moj.) 41:36-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. Собраниот вишок нека служи за исхрана во земјата во седумте години на глад, што ќе ја снајде Египетската Земја, така што земјата да не пропадне од гладот.”

37. Им се допадна одговорот на фараонот и на сите негови службеници.

38. Затоа фараонот им рече на своите службеници: „Зар можеме да најдеме друг човек како што е овој, во кого е Божјиот Дух?”

39. А тогаш фараонот му рече на Јосифа: „Откако Бог ти го откри сè тоа тебе, нема никој способен и мудар како што си ти.

Битие (1 Moj.) 41