Битие (1 Moj.) 41:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Тогаш Јосиф му рече на фараонот: „Фараоновиот сон е само еден: Бог му јавува на фараонот што сака да направи.

26. Седумте убави крави, тоа се седум години; седумте убави класови пак се седум години. Тоа е само еден сон.

27. Седумте слаби и грозни крави по нив, а исто така и седумте празни, од источник опалени, класови, означуваат седум гладни години.

28. Тоа е она што веќе му го реков на фараонот: Бог му јавува на фараонот што сака да направи.

29. Ете, настапуваат седум години на големо изобилство во сета Египетска Земја.

Битие (1 Moj.) 41