Битие (1 Moj.) 41:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По две години, фараонот сонуваше дека стои покрај реката Нил.

2. Од Нил излегоа седум убави и дебели крави; и пасеа низ трските.

3. Но веднаш по нив излегоа други седум, грди и слаби крави, и застанаа покрај оние крави, на брегот на Нил.

4. Грдите и слабите крави ги изедоа убавите и дебелите, а тогаш фараонот се разбуди.

5. Пак заспа и виде друг сон: седум полни и крупни класови израснаа од едно стебленце.

6. Но, ете, по нив израснаа седум слаби класови, изгорени од источниот ветер.

Битие (1 Moj.) 41