Битие (1 Moj.) 40:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. тие двајца - виноцрпецот и лебарот на египетскиот цар, затвореници - видоа сон во иста ноќ. Секој сонуваше свој сон; и секој сон имаше свое значење.

6. Кога Јосиф дојде утрото при нив, забележа дека се нерасположени.

7. Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?”

8. Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.” Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!”

Битие (1 Moj.) 40