Битие (1 Moj.) 40:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. па ги стави во затвор, во зградата на заповедникот на телохранителите - во истата темница каде беше затворен и Јосиф.

4. Началникот на телохранителите одреди Јосиф да ги послужува. Откако поминаа во затворот некое време,

5. тие двајца - виноцрпецот и лебарот на египетскиот цар, затвореници - видоа сон во иста ноќ. Секој сонуваше свој сон; и секој сон имаше свое значење.

6. Кога Јосиф дојде утрото при нив, забележа дека се нерасположени.

7. Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?”

8. Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.” Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!”

9. И главниот пехарник му го раскажа на Јосифа својот сон: „Сонував дека пред мене е лоза.

10. На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната.

Битие (1 Moj.) 40