Битие (1 Moj.) 40:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.”

18. Јосиф одговори: „Ова е значењето: трите кошници се три дни.

19. По три дни фараонот ќе ја издигне твојата глава и ќе те обеси на дрво, па птиците ќе јадат месо од тебе.”

20. На третиот ден, на фараоновиот роденден, тој направи гозба за сите свои царедворци и си спомна за главниот виноцрпец и за главниот лебар среде своите службеници.

Битие (1 Moj.) 40