Битие (1 Moj.) 40:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната.

11. Кога ја држев во раката фараоновата чаша, зедов грозје, го исцедив во фараоновата чаша, а тогаш ја ставив чашата во фараоновата рака.”

12. Јосиф му рече: „Ова ти е значењето: трите млади прачки се три дни.

13. По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец.

14. Кога пак ќе ти биде добро, спомни си дека и јас бев со тебе, па направи ми ја оваа услуга: спомни ме пред фараонот и обиди се да ме избавиш од домов.

15. Зашто, навистина, бев одведен насила од земјата на Евреите; ни тука не сум сторил нешто лошо, а ме фрлија во темница.”

16. Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата.

17. Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.”

Битие (1 Moj.) 40