9. Потоа Господ го праша Каина: „Каде е брат ти Авел?” „Не знам - одговори - зар сум јас чувар на својот брат?”
10. Господ продолжи: „Што направи? Слушај! Крвта на твојот брат вика кон Мене од земјата.
11. Затоа биди проклет на земјата, што ја отвори устата за да ја прими крвта на брата ти, од твојата рака!
12. Ќе ја обработуваш земјата, но таа веќе не ќе ти го дава својот род. Ќе бидеш вечен скитник на земјата!”
13. А Каин Му рече на Господа: „Мојата казна е премногу тешка, за да се поднесува.
14. Еве, денес ме тераш од плодната почва; треба да се кријам од Твоето лице и да бидам вечен скитник на земјата - кој ќе ме најде, може да ме убие.”
15. А Господ му рече: „Не! Туку кој ќе го убие Каина, врз него ќе биде извршена седмократна одмазда!” И Господ му стави знак на Каина, за да не го убие некој, кој ќе го сретне.
16. Каин отиде од пред Господовото лице во земјата Нод, источно од Еден, и таму се насели.
17. Каин ја позна својата жена, па таа зачна и го роди Еноха.
18. На Еноха му се роди Ирад, а од Ирада потекнува Мехујаил; од Мехујаила потекнува Метусаил; од Метусаила, Ламех.
19. Ламех зеде две жени. Едната се викаше Ада, а другата Села.
20. Ада го роди Јавала, кој стана прататко на оние што живеат под шатори со добитокот.