Битие (1 Moj.) 4:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И еден ден Каин Му принесе на Господа жртва од плодовите на земјата.

4. А и Авел принесе од првородените на својот добиток, и од мрсното. Господ погледна милостиво на Авела и на неговата жртва,

5. а ни поглед не сврти кон Каина и неговата жртва. Затоа Каин се налути многу, и лицето му се смени.

6. И Господ му рече на Каина: „Зошто си лут? Зошто ти е сменето лицето?

7. Зашто ако работиш право, светиш од насмеаност. А ако не работиш право, гревот ти лежи пред врата, што дебне врз тебе; но ти уште можеш да му се спротивиш.”

8. Каин пак му рече на својот брат Авел: „Ајде да излеземе!” И откако се најдоа во полето, Каин скокна на брата си Авела и го уби.

Битие (1 Moj.) 4