17. Каин ја позна својата жена, па таа зачна и го роди Еноха.
18. На Еноха му се роди Ирад, а од Ирада потекнува Мехујаил; од Мехујаила потекнува Метусаил; од Метусаила, Ламех.
19. Ламех зеде две жени. Едната се викаше Ада, а другата Села.
20. Ада го роди Јавала, кој стана прататко на оние што живеат под шатори со добитокот.
21. Името на брата му беше Јувал. Тој е прататко на сите кои свират на харфа и кавал.
22. Села го роди Тувал-Каина, прататко на оние, кои коват орудија од бронза и железо. Името на Тувал-Каиновата сестра и беше Наама.
23. Ламех им рече на своите жени: „Адо и Село, послушајте го мојот глас; Ламехови жени, чујте ја мојата беседа: убив човек, зашто ме рани, и дете, зашто ме удри.
24. Ако Каин биде одмазден седмократно, Ламех ќе биде седумдесет и седумкратно!”
25. Адам ја позна својата жена, па таа роди син и му го даде името Сит. Таа рече: „Бог ми даде друго дете место Авела, кого Каин го уби.”