Битие (1 Moj.) 4:12-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ќе ја обработуваш земјата, но таа веќе не ќе ти го дава својот род. Ќе бидеш вечен скитник на земјата!”

13. А Каин Му рече на Господа: „Мојата казна е премногу тешка, за да се поднесува.

14. Еве, денес ме тераш од плодната почва; треба да се кријам од Твоето лице и да бидам вечен скитник на земјата - кој ќе ме најде, може да ме убие.”

15. А Господ му рече: „Не! Туку кој ќе го убие Каина, врз него ќе биде извршена седмократна одмазда!” И Господ му стави знак на Каина, за да не го убие некој, кој ќе го сретне.

16. Каин отиде од пред Господовото лице во земјата Нод, источно од Еден, и таму се насели.

17. Каин ја позна својата жена, па таа зачна и го роди Еноха.

18. На Еноха му се роди Ирад, а од Ирада потекнува Мехујаил; од Мехујаила потекнува Метусаил; од Метусаила, Ламех.

19. Ламех зеде две жени. Едната се викаше Ада, а другата Села.

20. Ада го роди Јавала, кој стана прататко на оние што живеат под шатори со добитокот.

21. Името на брата му беше Јувал. Тој е прататко на сите кои свират на харфа и кавал.

Битие (1 Moj.) 4