Битие (1 Moj.) 4:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ќе ја обработуваш земјата, но таа веќе не ќе ти го дава својот род. Ќе бидеш вечен скитник на земјата!”

13. А Каин Му рече на Господа: „Мојата казна е премногу тешка, за да се поднесува.

14. Еве, денес ме тераш од плодната почва; треба да се кријам од Твоето лице и да бидам вечен скитник на земјата - кој ќе ме најде, може да ме убие.”

15. А Господ му рече: „Не! Туку кој ќе го убие Каина, врз него ќе биде извршена седмократна одмазда!” И Господ му стави знак на Каина, за да не го убие некој, кој ќе го сретне.

16. Каин отиде од пред Господовото лице во земјата Нод, источно од Еден, и таму се насели.

Битие (1 Moj.) 4