Битие (1 Moj.) 4:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Адам ја позна својата жена Ева, а таа зачна и го роди Каина, па рече: „Добив машко чедо со помош на Господа!”

2. Потоа го роди Авела, братот Каинов; Авел стана сточар, а Каин земјоделец.

3. И еден ден Каин Му принесе на Господа жртва од плодовите на земјата.

4. А и Авел принесе од првородените на својот добиток, и од мрсното. Господ погледна милостиво на Авела и на неговата жртва,

5. а ни поглед не сврти кон Каина и неговата жртва. Затоа Каин се налути многу, и лицето му се смени.

Битие (1 Moj.) 4