Битие (1 Moj.) 39:21-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Но Господ беше со него, му покажа благодат на Јосифа, и тој најде милост во очите на управителот на темницата.

22. Така управителот на темницата ги предаде во Јосифови раце сите затвореници, кои се наоѓаа во темницата; и таму не се правеше ништо без него.

23. Бидејќи Господ беше со него, управителот не надгледуваше ништо што му беше доверено на Јосифа: Господ беше со него, и што да преземеше, Господ му даваше успех.

Битие (1 Moj.) 39