Битие (1 Moj.) 38:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Јуда ги препозна и рече: „Таа е поправедна од мене, зашто не и го дадов својот син Шела.” Но повеќе немаше работа со неа.

27. Кога и дојде време да роди, се покажа дека носела близнаци.

28. Додека раѓаше, едниот од нив ја испружи раката надвор. Тогаш бабицата врза црвен конец на неговата рака, велејќи: „Овој излезе прв!”

29. Но тој тогаш ја повлече раката, па излезе неговиот брат. А таа рече: „Каков ли пробив направи!” Затоа му го даде името Фарес.

30. Потоа излезе брат му, кој имаше црвен конец околу раката. Него го нарекоа Зара.

Битие (1 Moj.) 38