Битие (1 Moj.) 38:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тоа време, Јуда замина од своите браќа и се врати при еден Одоламец, чие име беше Ира.

2. Тука Јуда ја забележа ќерката на еден Хананец - кој се викаше Суја - и се ожени со неа.

3. & пристапи, па таа зачна и роди син, кому му го даде името Ир.

4. Таа зачна пак, роди син, и му го даде името Онан.

5. Роди уште еден син и го нарече Шела. Се наоѓаше во Ахдив кога го роди него.

6. Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.

7. Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.

Битие (1 Moj.) 38